Пребарување

Под Врело

Интерес: Особено значајна
Ниво на тежина: *****



Во 2000 година направено е истражување во кое е достигната длабочина од 67 м. Се работи за интересна пештера, но експедиција немаше можност да продолжи поради можни одрони од карпа, така што со истражувањето продолжува во 2007 г. и тогаш е достигната длабочина до 100 м. Во 2009 г. продолжуваат испитувањата и се достигнува длабочина од 190 м. Пештерат Под Врело е една од најубавите подводни пештери во Европа. Таа има огромни галерии, чиста вода и е вистински предизвик за истражување. Со првите истражувања на Врело во 2000 г. спелеонуркачите продреа 67 м. во длабочина и 450 м. во должина. Белгиските и Италијански спелеолонуркачи успеаја да влезат до 190 м. во длабочина. Тие открија дека и по 190 метри се отвора еден амбис, широк од 30 до 50 метри, на кој засега не му се гледа крајот. Претпоставка е дека се влегува во еден огромен пештерски систем кој води во правец на Патишка Река. Од горниот дел на Врело земени се  примероци од водата и од карпите што некаде се многу црни, а наместа црвени. Бојата зависи од минералите. Досега не се сретнале црни минерали, затоа земените мостри и ќе се испитуваат. Резултатите ќе им помогнат и на геолозите. Можно е да станува збор за минерал за кој досега не се знае. Оваа 2010 г. од 8- 23 јули експедицијата продолжува со нејзино испитување. Според проценкитe на спелеолонуркачите, се претпоставува дека Врело е длабокa 330 м, односно дека е најдлабока подводна пештера во светот. За најдлабока подводна пештера се смета Бушмановата дупка во Јужна Африка, каде е дојдено до длабочина од 282 м, што е и светски и Гинисов рекорд во нуркање во длабочина.
Пештерата е локалитет од светски ранг, атракција која може да привлече многу туристи. Пештерата има тесни ходници во кои може да помине само еден човек, но и места каде нуркачите можат да се одморат. Има Сала Пеони, на должина од 120 метри во која се излегува како на плажа.

 





 

Назад
 

 
Последни Вести
Активности:

Пријавете се за
newsletter:
испрати
Macedonia Tourism