Пребарување

Врело

Интерес: Туристичка пештера
Ниво на тежина: *****

За обичниот турист, кој не практикува планинарство, единствениот пристап до "Врело" е водениот пат, кој се совладува единствено со чамци. Почетна станица е планинарскиот дом "Матка", во непосредна близина на манастирот Свети Андреја од 14 век.
Акумулационото езеро Матка, кое се протега неколку километри низводно по реката Треска, е величенствено со својата метално сиво - зелена боја. Стрмните сиви седиментни трошни карпи, се издигаат високо над езерото, а со своите крајбрежја остро ја засекуваат мистериозната водена површина на езерото. По некоја врба и околното ниско зеленило на листопадни дрва го облагородуваат околниот пејзаж.
Влегувањето е хоризонтално, со скали кои се симнуваат и качуваат по подот на пештерата.
Веднаш до влезот е концертната сала, еден поширок простор, кој некогаш е искористен за неколку музички концерти. Така, останало и името "концертна сала", од чија лева страна се таканаречените "пишани камења". Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо, за чие дешифрирање и толкување треба стручна помош. На средината на пештерата се наоѓа огромен сталактит во вид на шишарка и во таа чест, просторот околу неа е наречен "сала на шишарката". Секундарни сали се шират лево и десно. Пештерата има сталактити и сталагмити, калцитни форми во вид на "тикви", заоблени, меки форми кои се шират по целата таваница. Нивната бела површина е исшарана со црвенкасти и жолтеникави жили, вградени во геоморфната структура на карпите.
Растењето на пештерските украси зависи од процентот на варовник во водата, како и од количината на водата која капе од таванот, која со тоа носи помало или поголемо количество калциум карбонат. Сепак, со сигурност може да се каже дека создавањето на една калцитна капка не може да се забележи во текот на еден човечки живот. Оттука и треба да произлезе и свеста за грижа за овие чудесни вајарски дела на природата, создавани во текот на милијарди години. 
Во длабочината на пештерата, таму каде што таа завршува, се наоѓаезеро, кое има и своја руска плажа. Интересно е да се слушне како плажата го добила ова име. Најголема посета пештерата досега имала од руските пилоти, вработени во македонското воздухопловство. Во една прилика еден од пилотите се избањал во студената вода и оттогаш "руската плажа" е преселена од брегот на Вардар во Градскиот парк во Скопје, каде што некогаш се наоѓаше, во пештерата "Врело". Присаството на сталактитите во водата упатува на заклучок дека некогаш во пештерата немало вода.

Назад
 

 
Последни Вести
Активности:

Пријавете се за
newsletter:
испрати
Macedonia Tourism