Пребарување
 

Национален парк Галичица




Пештерите во Галичица, кои ги има над десет, се истражувани во средината на педесеттите години. Доминираат пештерите "Волја", "Самотска Дупка" и "Наумова пештера".

Пештерата Саматска Дупка, која се наоѓа на источната страна на долината Студино со должина на главниот канал од 279 м, а заедно со споредните канали, вкупнато 301 м. Во 1989 г. повторно ја истражуваат пештерата, која не само по своите содржини, туку и по преостанатите природни карактеристики ги надминува другите пештери на Галичица. Според овие истражувања, вкупната должина на главниот пештерски канал достигнува 207 м, додека со споредните канали должината достигнува до 224 м. Пештерата е широка 6 м, а височината на таванот е од 2-10 м. Во неа се застапени украсите "салви", "драперии" и пештерски бисери.

Саматска Дупка во основа претставува фосилна речна пештера, од која истекувал подземен воден тек. По целата должина на дното е присутен акумулиран наносен материјал, додека во поедини делови се изградени мошне интересни пештерски украси. Во 1989 г се извршени прелиминарни палеонтолошки истражувања и постојат индиции дека може да се наиде на фосилна фауна,  за кој има интересирање да се истражи. 





 
Последни Вести
Активности:

Пријавете се за
newsletter:
испрати
Macedonia Tourism