Пребарување




Спелолошката Федерација на Македонија (СФМ) е непрофитабилна оранизација која е задолжена да се грижи за спелеолошките објекти во Република Македонија и карстот воопшто. Таа во себе ги обединува спелеолошките дрштва на Република Македонија, координирајќи ја нивната работа. Нејзиното работење е поддржана од Агенцијата за Млади и Спорт, Министерство за економија - сектор за туризам и угостителство, како и Министерство за животна средина  при Владата на Република Македонија.

СФМ добива годишни финансиски буџети и средства за домашни и меѓународни активности за учества на домашни и меѓународни собири и настани, промоции, саеми и туристички презентации на кои треба да се промовира Македонија, СФМ и самиот спелеолог. За сите активности СФМ поднесува извештај за постигнатите резултати.

Основни цели на СФМ
- целосно истражување и систематизирање на спелеолошките објекти во Република Македонија
- заштита на спелеолошките објекти и живиот свет во нив
- унапредување на спелеолошките активности во Република Македонија
- промоција на спелеологијата во Република Македонија
- туристичко уредување на спелеолошките објекти

Структурата на Спелеолошката Федерација на Македонија ја сочинуваат Претседателството и Собранието на СФМ. Собранието го сочинуваат по тројца претставници од клубовите членки на СФМ. Претседателството е составено од Претседател, Потпретседател, Секретар и членови на Претседателството, по еден претставник на клубовите членки на СФМ.

СПЕЛЕОЛОШКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Адреса: Бул. 11-ти Октомври 42а (дом Даре Џамбаз) - Скопје
Денешниот состав на Претседателството го чинат
:
Претседател
:
Марјан Темовски
и по еден претставник на клубовите членки

1. И.Д. "УРСУС СПЕЛЕОС" Скопје

-Гичевски Оливер
(претседател)
2. П.С.К. "ЗЛАТОВРВ" Прилеп
-Ангелески Златко (претседател)
3. С.Д. "ПЕОНИ" Скопје
-Жежовски Иван (претседател)
4. П.Д. "ОРЛЕ" Кавадарци
-Змајшек Јоже (претседател) 
5. С.Д. "САЛАМАНДЕР" при Д.П.С. "Лисец" Штип
-Ивановски Никола (претседател)
6.Спелеолошко нуркачки клуб "ВРЕЛО" Скопје
-Кире Ангелески (претседател)


 

 
Последни Вести
Активности:

Пријавете се за
newsletter:
испрати
Macedonia Tourism