Пребарување

Пештера

Должина Н.М.В. МЕСТО
Јаноа пештера 1 40,5 550      Самоков
Јаноа пештера 2            Самоков 
Горна Слатинска 35 620      Слатина
Слатинска 2 126 600      Слатина
Овчарска 268 580      Слатина

Пурало             360           580      Слатина  
Слатински извор 4000 495      Слатина
Ѕингало            Порече
Над црква            Порече
Девина пештера 125         550      Девич
Занда 31 480      Девич

Пешна               123,5         600     Пешна
Леандра            Порече
Пурало            Слатино
Долна Бијеш            Порече
Крапски понор            Крапа
Змејовица 68 1410    Крапа    

Церова пештера 53,5        1170   Крапа
Студен кладенец 101 1060   Црешово
Присојница 95            1400   Мочур     
Ѓулкоица 68,8           Црешово
Момичек 90 850    Г.Белица
Орле 110 950    Г.Белица

Бабина рупа                                Порече   
Еврејка 24          Д.Хисар
Змеова 28          Д.Хисар
Пештерица        35          Прилеп
Рамниште 115 1100  Прилеп
Дуова  81 1670  Прилеп

Каменолом           70                    Прилеп   
Лековита 79 1150  Прилеп
Пешти 200          Прилеп
Под Врело 450          Јасен
Врело 176          Јасен
Над Врело 150          Јасен

Крштална            76                      Јасен     
Дона Дука 650 450     Скопје

Шпела Бозгуни

82           Сопиште
Велигденска 84           Сопиште
Светла и Брлог 40           Сопиште
Драчевска 130 1569   Сопиште

Пешта                  90                      Сопиште  
Гољапеш 26           Сопотница
Макаровец 310           Чашка
Крајници 210           Чашка
Маркова црква 69           Чашка
Христијанова 84 600     Јаболце


Пропаст /Јама/ Длабочина Н.М.В. МЕСТО
Солунска 5          -546      Јасен
Ледник -150      Јасен
Јакупица 2 -60      Јасен
Јакупица 3 -80      Јасен
Јакупица 4 -115      Јасен

Гинчеица             -35                    Другово   
Златопрст -40       Другово
Зад пропаст -36       Дугово
Долен биеж -52       Брод
И. Кротеничка       Порече
З. Кротеничка       Порече

Церова Јама                                  Крапа    
Голем Козјак -115        Прилеп
Никодински -36        Прилеп
Белички -50        Самоков
Кајорев -35        Самоков
Ситојица -18        Јасен

Срт                     -39                       Јасен    
Габрулица -30        Сопиште
Пеони 4 -70        Сопиште
Пеони 6 -26        Сопиште
Чавкарник 1 -45        Сопиште
Чавкарник 3 -56        Сопиште

Титова пропаст    -96                       Сопиште 
Тенка шија        Брезница
Јама Ивање        Јасен
Ледник -30 1800 Јасен
Провала -20         Јасен
Јасика         Јасен


Пештерата Убавица се наоѓа на планината Буковиќ, над самиот стар пат Гостивар - Кичево, во близина на селото Горна Ѓоновица. Изградена е вдолж раседна линија, во правец север-југ. Овој расед избива и на површината на Буковиќ, за што сведочи скарстената суводолица која се протега во ист правец. Во поголемиот дел на пештерата, со исклучок на влезниот канал (85 м), присутен е постојан подземен водотек. Покрај многубројните и разновидни пештерски украси со кои изобилува пештерата, особено интересно е последното пештерско проширување (10 х 13 м), во кое се наоѓа подземен водопад висок 5-6 м. Во пештерата Убавица истражувана е и рецентната пештерска фауна, при што е регистриран ендемскиот претставник на родот Ceutnophies, наречен Ceutnophies bukoviki.
Пештерата Слатински Извор се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, во непосредна близина на нејзината утока во реката Треска (Порече). Изградена е во доломитски мермери со проблематична старост. Вкупната истражена должина на пештерата изнесува 800 м, од кои, 705 припаѓаат на главниот пештерски канал. На поедини места од главниот канал доминираат пештерски столбови и сталактити, a во најголемата пештерска сала (20x15 м) изградени се и поголеми сталагмити. Во пештерата протекува подземна река во должина од 557 м, a исто така во неа се изградени и помали травертински езерца во кои е констатирана присутност на пештерски ракчиња. Според должината, разновидната внатрешност и локацијата на којa ce наоѓа, пештерата Слатински Извор има извонредни можности за туристичка намена
Пештерата Бела Вода се наоѓа во Демиркаписката клисура, од десната страна на реката Вардар. Изградена е во варовници со јурска старост. Пештерата се состои од два канали (долен и горен). Должината на долниот канал изнесува 722 м, a на горниот - 233 м, односно вкупната должина на оваа пештера достигнува 955 м. Co оваа своја должина, Бела Вода е најголема од досега истражените пештери во Македонија. Во неа, мошне ретко се сретнуваат пештерски украси. На крајот од долниот канал, под отсек висок 6 м, се наоѓа подземно езеро. Всушност, тоа е сифон исполнет со вода. Во пештерата Бела Вода истражувана е и рецентната пештерска фауна.
Пештерата Алилица се наоѓа на планината Бистра, во горниот дел од десната долинска страна на Тресонечка Река (1.510 м.н.в.). Пештерата се состои од два дела Долна и Горна Алилица, кои меѓусебно се поврзани со вертикален и кос канал. Должината на каналот во Долна Алилица низ кој протекува постојан подземен водотек, изнесува 464 метри, додека вкупната должина на сите канали во пештерскиот систем Алилица достигнува 590 м. Во пештерата Алилица истражувана е и пештерската фауна.
Пештерата Дона Дука се наоѓа на источните падини на планината Жеден (450 м.н.в.), во близина на селото Рашче. Изградена е во мермеризирани варовници со тријаска старост. За првпат е истражувана на должина од 200 м, додека при следните истражувања вкупната должина на пештерските канали е зголемена на 650 м. Ha некои делови од пештерските канали застапени се и пештерски украси. Во хидрографски поглед, пештерата Дона Дука претставува сува пештера, со незначителна појава на повремени, главно сифонски езерца настанати од водата капница. Особена карактеристика на оваа пештерата е сложениот сплет на пештерски канали, изградени на неколку нивоа. Во пештерата Дона Дука истражувана е и рецентната пештерска фауна.
Пештерата Макаровец се наоѓа во клисурата Пешти, од десната долинска страна на реката Бабуна. Изградена е од сплет на повеќе канали, со вкупна должина од 310 м. Пештерата е сиромашна со пештерски украси, a во нејзиниот краен североисточен дел, под отсек висок 8 м, се наоѓа пештерско езеро. Пештерата Макаровец особено е значајна по богатото наоѓалиште на фосилна фауна.
Пештерата Над Врело се наоѓа на десната страна во кањонскиот дел на реката Треска (Матка). Се состои од два доминантни канали, со вкупна должина од 150 м. Во однос на останатите десетина пештери кои се застапени во кањонот Матка, па и пошироко, иако со скромни димензии, тоа е една од најбогатите со украси пештери. Од тие причини пештерата Над Врело има можности и за туристичка намена.
Пештерата Јаорец се наоѓа во котлината Дебарца, североисточно од селото Велмеј. Вкупната должина на пештерата изнесува 76 м. Таа е речиси без пештерски украси, a во хидрографски поглед потполно сува пештера. Во пештерата Јаорец вршени се систематски палеонтолошки истражувања, при што во нејзините плеистоцени (Wurm) пластови се пронајдени остатоци од пештерска мечка.
Пештерата „Калина Дупка" се наоѓа на планината Бистра, во близина на селото Лазарополе. Се состои од еден меандерски канал со должина од околу 300 м. Во нејзиниот почетен дел истражувана е рецентната пештерска фауна, при што е пронајден ендемски претставник Troglophilus Lazaropolensis.
Драчевската пештера се наоѓа на северните падини на планината Китка (1.569 м). Во нејзиниот средишен дел изградена е пештерска сала (54 м2), ср височина на таваницата до 5 м. Вкупната должина на пештерата достигнува 130 м. Во Драчевската пештера, во нејзиниот почетен дел, регистрирана е рецентна пештерска фауна.
Арамиската пештера се наоѓа од левата долинска страна на реката Каменица, десна притока на Црна Река (Кавадарци). Се состои од десцедентен канал и неколку споредни канали. Во крајниот јужен, долен дел на пештерата, егзистира пештерско езеро со должина од 12 м. и просечна широчина од 2 м. Измерената длабочина во езерото достигнува до 5 м. Пештерата е релативно богата со украси (саливи, сталактити и сталагмити). Вкупната должина на Арамиската пештера изнесува 251 м.
Пештерата Симка се наоѓа на југ од вливот на Хаџина Река во реката Радика. Влезот на пештерата се наоѓа во кањонскиот дел познат под името Торбешки Мост, на надморска височина 1.340 м. Оваа пештера се состои од два доминантни канали (горен - северен и источен канал). Вкупната должина на сите канали во пештерата достигнува 500 м.
Пештерата Самоска Дупка се наоѓа од десната страна на скарстената долина Студино, на планината Галичица, на надморска височина од 1.430 м. Истата се состои од еден доминантен меандерски канал со должина од 279 м. Вкупната должина на пештерата достигнува 301 м. Во некои делови од главниот пештерски канал забележителна е појавата на пештерски украси, претставени со саливи и сталактити.
Христијановата пештера се наоѓа на околу 1 км источно од селото Јаболце (Скопско), од десната долинска страна на Сува Река, на надморска височина од 600 м. Вкупната должина на пештерата, заедно со сите пештерски канал и и проширувања изнесува 84 м. Истата, денес претставува фосилнапонорска пештера со значителна појава на пештерски украси.
Пештерата Вевчански Извори се наоѓа во непосредна близина на селото Вевчани. Всушност, истата е претставена со пештерски канал истражуван во должина од околу 50 м. Низ пештерскиот канал протекува постојан водотек, кој е дел од познатите Вевчански Извори. Co понатамошни истражувања може да се очекува значително поголема должина на пештерскиот канал, a co тоа и туристичките потенцијали на пештерата би се зголемиле, со оглед на атрактивноста на локалитетот во кој се наоѓа.
Пештерата Пешна се наоѓа од десната долинска страна на реката Треска, во Поречкиот басен. Иако има мошне мала должина, од само 50 м, нејзиниот влез е со значителни димензии: 16,8 х 52,4 м. Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток, но кој во сушните годишни периоди потполно пресушува.
Пештерата Врело се наоѓа во кањонот Матка, во непосредна близина на изворот Коритиште. Вкупната должина на пештерата, која се состои од две поголеми сали, изнесува 176 м. Во јужниот дел на пештерата се наоѓа езеро со должина од околу 30 м. и широчина од 2 до 4 м.
Пештерата Крштална се наоѓа на околу 30 м. над вештачкото езеро Матка, од неговата десна страна. Во крајниот дел на пештерата присутно е езеро со должина од 16 и широчина од 8 м. Должината на пештерата изнесува 76 м. За неа е карактеристична појавата на сталактитни форми изградени во спротивност од Земјината тежа.
Слатинската пештера I, ce наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, под истоименото село во Порече. Пештерата главно
се состои од еден долг пештерски канал, од кој на сите страни се разгрануваат подолги и пократки краци. Должината на пештерата изнесува преку 400 м. Истата е богата со пештерски украси, кои, за жал доста се и уништени.
Пештерата Орле се наоѓа во близина на селото Горна Белица во Порече. Должината на пештерата изнесува 88 м, a вкупната должина, заедно со сите споредни канали, достигнува 107,8 м.По целата нејзина должина и по страничните канали присутни се пештерски украси, претставени со: сталактити, сталагмити, драперии, травертински басенчиња исполнети со вода и др.
Пештерата Горен Змеовец се наоѓа во близина на Демиркаписката клисура, под врвот Краставец, на надморска височина од 630 м. Истата се состои од еден влезен канал, долг 24 м, поголемо проширување (пештерска сала) со широчина од 55 м и еден внатрешен канал со должина од 26 м.
Пештерата Коњска Дупка се наоѓа во непосредна близина на селото Град - Делчевско, од левата страна на потокот Врчин Дол, на надморска височина од 800 м. Вкупната должина на пештерата, заедно со сите споредни канали, достигнува 70 м. Во пештерата не се забележуваат украси, a во хидрографски поглед претставува сува пештера. Истата е интересна за археолошки и палеонтолошки истражувања.
Пештерата Алена се наоѓа во карстното поле Шилегарник, на надморска височина од 2.114 м. Истата се наоѓа на најголема иадморска височина од досега истражените пештери во  Македонија. Зафаќа површина од 64 м2 и вкупната должина на сите пештерски канали изнесува 67 м. И покрај големата надморска височина на која се наоѓа, во пештерата се изградени сталактитни форми со незначителни димензии.
Лесковечката пештера се наоѓа на источните падини на планината Галичица, Во непосредна близина на селото Лесковец (Преспанско). Пештерскиот влез се наоѓа на надморска височина од 1.090 м. Во пештерата, чија вкупна должина изнесува47 м, изградени се три поголеми проширувања (пештерски сали). Во одредени делови од пештерата се сретнуваат пештерски украси претставени со сталактити и саливи. Во неа живееи поголема колонија на лилјаци.
Пештерата Дамјаница ce наоѓа во изворишниот дел на реката Бабуна, на надморска височина од 1.580 м. Се состои од еден доминантен канал изграден вдолж дијаклаза, со должина од 88 м, кој на крајот завршува со долгнавеста галерија. Во пештерата, особено во нејзиниот краен дел се забележуваат сталактити и салив
Пештерата Дона Дука се наоѓа на источните падини на планината Жеден (450 м.н.в.), во близина на селото Рашче. Изградена е во мермеризирани варовници со тријаска старост. За првпат е истражувана на должина од 200 метри (Јовановиќ 1925: 127), додека при следните истражувања вкупната должина на пештерските канали е зголемена на 650 метри (Manaković 1959:199). Особена карактеристика на оваа пештерата е сложениот сплет на пештерски канали, изградени на неколку нивоа. Во пештерата Дона Дука истражувана е и рецентната пештерска фауна (Petkovski 1959).
Драчевската пештера се наоѓа на северните падини на планината Китка (1.569 м). Во нејзиниот средишен дел изградена е пештерска сала (54 м2), ср височина на таваницата до 5 м. Вкупната должина на пештерата достигнува 130 м. (Колчаковски 1986: 115). Во Драчевската пештера, во нејзиниот почетен дел, регистрирана е рецентна пештерска фауна.
Пештерата Макаровец се наоѓа во клисурата Пешти, од десната долинска страна на реката Бабуна. Изградена е од сплет на повеќе канали (Манаковиќ 1966: 109-111), со вкупна должина од 310 метри (Андоновски 1981: 211). Пештерата е сиромашна со пештерски украси, a во нејзиниот краен североисточен дел, под отсек висок 8 метри, се наоѓа пештерско езеро. Пештерата Макаровец особено е значајна по богатото наоѓалиште на фосилна фауна (Гаревски 1969, Garevski & Malez 1984).
Пештерата Дамјаница će наоѓа во изворишниот дел на реката Бабуна, на надморска височина од 1.580 м (Манаковиќ 1966: 112). Се состои од еден доминантен канал изграден вдолж дијаклаза, со должина од 88 метри, кој на крајот завршува со долгнавеста галерија. Во пештерата, особено во нејзиниот краен дел се забележуваат сталактити и саливи.
Пештерата Над Врело се состои од два доминантни канали, со вкупна должина од 150 метри (Павлов 1981:92). Во однос на останатите десетина пештери кои се застапени во кањонот Матка, па и пошироко (Република Македонија), иако со скромни димензии, тоа е една од најбогатите со украси пештери. Отворот на пештерата се наоѓа во подножјето на една вертикална карпа која претставува завршеток на јаругата којашто води од почетокот на езерото. Поради скалестото спуштање и присуството на неколку сталагмити кои се во фаза на фосилизација, можно е искачување по него и без некои поголеми знаења од алпинизмот. Кога малку ќе се навлезе во внатрешноста и кога ќе се застане во "Шумата" од сталагмити, навистина глетката е импресивна. На таваницата е вистински "дожд" од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови. Посебно воодушевуваат "столбовите близнаци" кои се високи околу 6 метри и се со бела кристална боја. Бојата на украсите е претежно бела со премини на црвеникава и жолтеникава нијанса. Во "Убава" се пронајдени остатоци од керамички садови, како и дебел слој пепел, кој му припаѓал на огниште во домот - пештерата на праисторискиот човек.
Пештерата Врело се наоѓа во кањонот Матка, во непосредна близина на изворот Коритиште. Вкупната должина на пештерата, која се состои од две поголеми сали, изнесува 176 м (Павлов 1981:92). Во јужниот дел на пештерата се наоѓа езеро со должина од околу 30 м и широчина од 2 до 4 м (Колчаковски 1987: 98).
Пештерата "Подврело"Овие езера се капиларно поврзани со подводната пештера под нив, која пак во длабочината на земјата е поврзана со пропаст. Подводните истражувања ги вршеле Французи 2002 г. и со постојната опрема успеале да истражат 450 м во должина и 57 м во широчина. Истражувањата треба да продолжат. Во водите на езерото живее еден вид на езерски рак, кој не е ендемски и е многу честа појава во пештерските езера.
Пештерата Крштална се наоѓа на околу 30 метри над вештачкото езеро Матка, од неговата десна страна. Во крајниот дел на пештерата присутно е езеро со должина од 16 и широчина од 8 м (Колчаковски 1987: 98). Должината на пештерата изнесува 76 м. За неа е карактеристична појавата на сталактитни форми изградени во спротивност од Земјината тежа.
Пештерата Пешна се наоѓа од десната долинска страна на реката Треска, во Поречкиот басен. Иако има мошне мала должина, од само 50 м, нејзиниот влез е со значителни димензии: 16,8 х 52,4 м (Колчаковски 1989:133). Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток, но кој во сушните годишни периоди потполно пресушува (Јованови} 1928: 33).
Слатинската пештера I, ce наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, под истоименото село во Порече. Пештерата главно се состои од еден долг пештерски канал, од кој на сите страни се разгрануваат подолги и пократки краци (Јованови} 1928: 18). Должината на пештерата изнесува преку 400 метри. Истата е богата со пештерски украси, кои, за жал доста се и уништени.
Пештерата Орле се наоѓа во близина на селото Горна Белица во Порече. Должината на пештерата изнесува 88 м, a вкупната должина, заедно со сите споредни канали, достигнува 107,8 м (Станкоски1980:413).По целата нејзина должина и по страничните канали присутни се пештерски украси, претставени со: сталактити, сталагмити, драперии, травертински басенчиња исполнети со вода и др.
Пештерата Слатински Извор се наоѓа од левата долинска страна на Слатинска Река, во непосредна близина на реката Треска (Порече). Изградена е во доломитски мермери со проблематична старост. Вкупната истражена должина на пештерата изнесува 800 метри, од кои, 705 припаѓаат на главниот пештерски канал (Колчаковски & Алоски 1984: 342). На поедини места од главниот канал доминираат пештерски столбови и сталактити, a во најголемата пештерска сала (20x15 м) изградени се и поголеми сталагмити. Во пештерата протекува подземна река во должина од 557 метри, a исто така во неа се изградени и помали травертински езерца во кои е констатирана присутност на пештерски ракчиња.
Убавица се наоѓа на планината Буковиќ, во близина на селото Горна Ѓоновица. Во поголемиот дел на пештерата, со исклучок на влезниот канал (85 м), присутен е постојан подземен водотек. Покрај многубројните и разновидни пештерски украси со кои изобилува пештерата, особено интересно е последното пештерско проширување (10 х 13 м), во кое се наоѓа подземен водопад висок 5-6 метри (Манаковиќ 1970, стр. 40). Во пештерата Убавица истражувана е и рецентната пештерска фауна, при што е регистриран ендемскиот претставник на родот Ceutnophies, наречен Ceutnophies bukoviki (Караман 1970: 244).
Споменик на природата Пештерата Голубарник голема околу 100 метри, една од поубавите пештери во реонот на Горна Белица. Во неа има многу процепи и недостапни места. До отворот каде што е черепот може да се дојде од друга страна. Досега на територијата на Европа најстарите човечки остатоци датираат од 200,000 до 800.000 години пред нашата ера. Околу Горна Белица и Самоков се планините Јакупица и Караџица, а тука е и изворот на Беличка река која е полноводна, што укажува на тоа дека има голем број подземни канали.
Пештерата Пешта, село Крапа Истражувачите укажуваат дека подземниот премин е несекојдневен природен феномен зашто ѕидовите се создадени од материјал што првпат се среќава - доломитски мермер. Доломитот е варовник што претрпел трансформација под силниот тектонски притисок и температура и затоа е извиткан и кристализиран. Под влијание на други природни сили, пак, еден слој од мермерот се скршил, со што се создала пукнатина во која сега понира Крапска Река, која поминува низ селото Крапа. Отворот низ кој минува Крапска Река најчесто бил затрупан со отпадоци од селото или со гранки и песок. Претпоставките врзани за оваа пештера се дека таа е дел од систем чија должина е најмалку 10 километри, бидејќи висинската разлика е 500 метри. Секако, се работи само за спелео-геоморфолошки претпоставки, но тие се многу реални зашто водата е „фарбана“ од географи и докажано е дека таа понира кај пештерата Пешта.
Пештера Млечник Се наоѓа североисточно од селото Ташмаруниште на надморска висина од 980 м. Пештерата се состои од две сали меѓусебно поврзани со мал отвор. Во првата сала, на левата страна од влезот, се наоѓаат неколку прекрасни столбови, а на дното од десната страна се издига масивен сталагмит покрај кој се влегува во втората сала. Во пештерата живее специфичен вид фауна.
Пештерата се наоѓа на 1.800 метри надморска височина на само неколку метри од врвот на планинскиот масив Јакупица, Солунска Глава, експедиција од македонски и словачки спелеолози откри нова и уникатна пештера во која има огромно пештерско богатство и големо езеро со кристално чиста вода. Неколкуте јами што се наоѓаат во околината секогаш завршуваа со вечен мраз, низ тесниот влез што е долг околу 30 метри се отвора голем простор со пештерско езеро. Водата е проѕирна како солза и многу студена, по неколку метри мирна езерска површина се издига карпа и има свиок. Посебно одушевува водопадот, што најверојатно се наоѓа во близина, оти само се слуша шумолење и татнеж на вода
Пештерата Светла Сопиште изобилиее од специфични кристализирани прозирни калцитни кристали, ретка минерална појава;
Пештерата Каленици Сопиште изобилува со специфични калцитни облици во вид на каленици;
Пештерата Брлог Сопиште регистрирано присуство на специфични кристализирани прозирни калцитни кристали.
Велигденска Сопиште со положба накај Патишка река, од Марков Манастир кон викенд населбата;
Пештерата Бозгуни, во атарот на с. Патишка река, Јасен на 1150 м. н.в. Пристапот е со асфалтиран пат и планинарска патека за 20 минути пешачење. Пештерата е откриена од познатиот спелеолог Петар Јовановиќ во периодот меѓу двете светски војни од кога и започнува вистинската спелеологоја кај нас. Влезот во пештерата е мошне голем така што првата сала иако е грандиозна, во неа до половината продира природно осветлување. Оваа пештера е на изумирање, украсите повеќе не се создаваат, затоа што основните водотеци кои придонеле за создавање на овој објект, се повлечени во подолните слоеви така што единствена вода е прокапницата. Пештерата е украсена со сталактити, сталагнити, драперии, сливови и столбови. Во еден дел од пештерата постојат канали кои формираат лавиринти опасни и незгодни за испитување и во нив не може да се минува без посебна опрема. Постои мислење дека има излез од пештерата во реката Патишка оддалечена 500 метри.

Пропаста Срт се наоѓа од левата долинска страна на река Треска, во североисточните делови на планината Осој, во месноста Каурски Влезот на надморска височина од 960 м и има северна експозиција. Неговите димензии се 3x1.5 м. Од влезот кон внатрешноста на пропаста има речиси вертикален канал, со длабочина од 28 м. Овој канал на повеќе места е испресечен со пукнатини кои овозможиле со процесот на ерозија да се формираат помали странични проширувања. Во продолжение каналот, во должина од 10 м, има наклон околу 30˚ како резултат на карпестите блокови кои имаат алохтоно и автохтоно потекло. Каналот, во правец кон југозапад, продолжува во поголема, издолжена пештерска сала чии димензии се: 15 м должина, 10 м широчина и околу 15 м максимална височина. Според морфолошките карактеристики пропаста Срт припаѓа на типот ѕвекари.
Пропаст Танка Шија се наоѓа во близина на новата хидроцентрала Козјак. Лоцирана е во регионот на Брезница, во варовничкото плато Рудина. На ова место, велат спелеолозите се појавуваат повеќе вертикални спелеолошки објекти.
Јама Ивање, во осојната страна малку под гребенот. Од самото место каде што се наоѓа објект како на дланка се гледа месноста Ивање. Јамата има меѓу 15 и 20 метри. Не изобилува со многу украси, но има интересни сливови кои се спуштаат надолу. Сливовите почнуваат од самиот влез имаат необично убава бела боја. На горниот дел се покриени со мов. Во долниот дел се гледа дека во одреден временски период јамата е исполнета вода. Водата прави интересни релјефи на дното што дополнително ја прави интересна оваа јама.

Најдлабок објект во Македонија е на Солунска Глава кој е длабок 546 метри. Станува збор за објект во кој првите 250 метри се чиста вертикала, а потоа се шири во голема сала со висина на сводовите од 50 метри. Овој објект е еден од најголемите на Балканот. Во оваа пештера постојат извонредни украси од зелен мраз и сталагнити високи до 2 метри.На Бегово Поле, Јамата Провала, Јасен на висина над 2. 500 м се наоѓа местото наречено Солунска Јама, со отвор нешто повеќе од 30 м, на дното завршува со дебел слој снег, кој очигледно се трупал со години. Оваа јама поради големиот снег била пробиена само 20 м. Таа е сложен систем од јами, досега невидена пукнатина во земјата. Истражени се само три јами, а четвртата ќе се истражува. Најдолгата јама има 115 м, потоа следи една од 88 и од 50 м. Вчудовидува со густина и убавина на коралите што 10 до 20 см. стрчат од ѕидот на јамата. Тие претежно имаат млечно-бела и жолтеникава боја. Јамата се наоѓа на надморска височина од 1160 м.
Јами Сопиште Овој карстен предел изобилува и со вертикални спелеолошки објекти-јами, каде некои од нив достигнуваат длабочина и од 100 м. Тука би ги спомнале следниве: Житин пропаст; Ситојца; Падева нива; Габрулица; Титов пропаст, над Брезница, кон браната; Мали 1, во близина на Патишка река; Мали 2, во близина на Патишка река; Чавкарник 1, над Патишка река (плато кај овчарски бачила); Чавкарник 2, над Патишка река (плато кај овчарски бачила); Пеони 1 (се наоѓа над Брезница); Пеони 2 (се наоѓа над Брезница); Пеони 3 (се наоѓа над Брезница); Пеони 4 (се наоѓа над Брезница); Пеони 5 (се наоѓа над Брезница); Пеони 6 (се наоѓа над Брезница). Во исто време постојат и јами кои досегаат поголеми длабочини заради задржувањето на замрзнатиот снег во својот простор во текот на целата година. Направени се испитувања кои докажуваат дека реката Патешка река понира ситесто и водата извира во езеро Матка во вид на голем извор (Врело). Правецот на водите поминува под Пуста Брезница и Јаболце, простор во кој недостасува вода за пиење, за да се појави во Матка.

 
Последни Вести
Активности:

Пријавете се за
newsletter:
испрати